
Советот на Општина Струмица денеска ја одржа 51-та седница на којашто беа усвоени предлог – одлуките за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Демир Капија, за определување на места за истакнување плакати за Локалните избори 2021 година во Општина Струмица и предлог – програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година.
Советниците ги усвоија и извештаите за работа во учебната 2020/2021 година и предлог – годишните програми за работа во учебната 2021/2022 година на трите средни општински училишта.









