
Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи напиша дека неговата младост треба да биде гаранција за неговата искрена намера да ја води Струмица и да им служи на струмичани.
Барам верба Струмицо, мојата младост нека ви биде гаранција за искрената моја намера да ве водам и да ви служам, да одиме напред кон најдоброто, оти само заедно сплотени и единствени можеме и мораме да успееме! И кога еден ден ќе прошетам повторно без мандат, да ве погледнам и да се поздравиме како човек со човек. И кога еден ден ќе не нема, нека делата од овие четири години говорат за заедничкиот наш успех и нека тогашните генрации си ја спомнат сегашната верба. Биди горда Струмицо оти ќе победиме, ќе победиме убедливо, достоинствено. Од срце за Струмица“, пишува Костадинов.