
Екипата на Шкупи со 1:3 го доби ноќното дерби во Струмица против Академија Пандев и се враќа на лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига.
Чаирчани доста се намачија за да ги освојат трите важни бодови во битка за врвот во елитата. Сите погодоци паднаа во вториот дел, откако во првиот мрежите мируваа.
Академија Пандев прва поведе со гол од пенал, а успешно реализираше Мартин Мирчевски во 50. минута дод средбата на „Благој Истатов“. По големиот притисок попушти одбраната на „пандевци“, откако Марко Ѓорѓиевски погоди за 1:1 во 78. минута.

Кога сите мислеа дека ќе има поделба на пленот во Стурмица, Шкупи за три минути доби два пенали и преку комплетен пресверт и дома се врати со три бодови. Фреди Алварез успешно ги реализираше и два пенали во 87. минута и вториот во 90. минута.
Шкупи сега со 17 бодови е лидер на табелата, додека Академија Пандев која го запиша вториот сезонски триумф се спушти на четвртата позиција со 14 бодови. Во следното коло Шкупи ќе биде домаќин на Работнички, Академија Пандев ќе гостува во Автокоманда кај Скопје.