(ФОТО) Костадинов: Еве ме денеска, на струмички пазар, да пазарувам и малку да помуабетам за пазарџиската математиката која е многу едноставна

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов денес беше на струмичкиот пазар.

„Пазарите говорат многу. И за локалната економија и за развиеноста на различни гранки, за културата и за карактерот и традицијата на еден народ. Еве ме денеска, на струмички пазар, да пазарувам и малку да помуабетам за пазарџиската математиката која е многу едноставна. Со домаќинско, одговорно планирање и работење, до чиста сметка и долга љубов. И тогаш пазарот е најдобар! Домаќински и одговорно“, вели Костадинов.

Comments are closed.