(ФОТО) Костадинов: Попладнево прошетав низ улиците на осмиот месен одбор

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов попладневно прошета низ улиците на осмиот месен одмор, како што вели Костадинов највеќе го радува тоа што е започнато решавањето на долгорочниот проблем со излевање на отворениот канал “Крушевска“.

„Попладнево прошетав низ улиците на осмиот месен одбор. Од многуте убави нешта, највеќе ме радува тоа што е започнато решавањето на долгорочниот проблем со излевање на отворениот канал “Крушевска“. Тече реализацијата за покривање на каналот, со што почнува уредувањето на овој дел од Струмица како шеталиште. Ваквото проектно решение има двоен бенефит за нашите сограѓани и сметам дека со комплетното довршување во догледно време, на општо задоволство на сите нас, градот ќе добие екстра среден кварт. Секако, и безбеден од излевање на каналот. Решавањето на тековните проблеми е од круцијално значење за креирање на најдоброто за Струмица! Со посветена, континуирана работа, со срце“, вели Костадинов.

Comments are closed.