Костадинов: Сакам да повикам на почитување на правото на глас и слободно изразување на волјата на гласачите на локалните избори во 2021 година

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов повика на почитување на правото на глас и слободно изразување на волјата на гласачите на локалните избори кој ќе се одржат следниот месец.

„Изборните процеси во кои се почитуваат основните човекови права и слободи се основата на долгорочниот демократски развој во нашето општество. Недвосмислено сакам да повикам на почитување на правото на глас и слободно изразување на волјата на гласачите на локалните избори во 2021 година. Верувам дека со почитување на основните принципи на демократијата, со фер-плеј и предводени од етичките и моралните норми, ќе имаме транспарентни, инклузивни и отчетни локални избори. А најголем победник нека биде демократијата“, вели Костадинов.

Comments are closed.