
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов денес имаше средба со фудбалерките на ЖФК Тиверија и доби дресо со неговото презиме и бројот 1.
„Понесен од филозофијата и практицирањето на родовата еднаквост, денес сум во друштво на прекрасни дами кои практично покажуваат колку се силни и моќни. Гордо на дресовите, на страната на срцето го носат грбот на ФК “Тиверија“ и се пример за најдоброто. Подеднакво и со исправена глава, како што го носел мојот дедо Коце. Денес им ја давам мојата безрезервна поддршка и во натпреварот кој го играат надвор од теренот – Хуманитарната акција за собирање облека, храна и детски играчки за социјално ранливи граѓани. Приклучете сѐ и Вие“, вели Костадинов.
Женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица е бренд во женскиот фудбал и секоја сезона бележи голема и успешни резултати во женскиот фудбал.






