
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски вели дека значително е подобрена спортската инфраструктура на територија на општина Струмица.
„Значително ја подобривме спортската инфраструктура на територијата на општина Струмица. Покрај завршените спортски сали и игралишта, во тек е и изградбата на спортска сала во населеното место Муртино. При денешниот увид со моите соработници, бевме информирани дека изградбата се се реализира според планираната динамика. Спортската сала во Муртино се гради на површина од 650 метри квадратни и ќе понуди квалитетни услови за унапредување на спортот и здравите навики кај учениците“, вели Јаневски.



