
Фудбалерите на Беласица во сабота на домашен терен ги очекува дерби дуел против расположената екипа на Каменица Саса за прво место во Втората лига – Исток.
Натпревар важен и за двете екипи кои најавуваат борба за прво место и директен пласман во елитата. Беласица важи за прв фаворит за експресно враќање во Првата лига, додека пак Саса сезонава најави амбиции дека ќе се бори за влез во прволигашкото друштво, па токму тоа го прави натпреварот важен и за двете екипи кои во досегашниот тек од сезоната немаат пораз.
По четири одиграни кола во второлигашката конкуренција Беласица и Каменица Саса со по 10 освоени бодови ја делат втората позиција на табелата.
Натпреварот се игра на „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 15:00 часот, а главен судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.