Академија Пандев во недела игра дерби против Шкупи

Академија Пандев во недела под рефлектори во Струмица ќе игра дерби против Шкупи за врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига во рамки на 8. коло.

Академија Пандев и Шкупи по седум одиграни натпревари со по 14 освоени бодови ја делат првата позиција на табелата. Дефинитивно овој натпревар натпревар ќе го привлече вниманието на фудбалската јавност во Македонија, а мечот е важен и за двете екипи кои атакуваат за првата позиција.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 18:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

Comments are closed.