
Јавноста има позитивно мислење за Костадин Костадинов, кандидат за Градоначалник на Општина Струмица како и за СДСМ како политичка партија, покажува последното истражување на јавното мислење кое беше спроведено на репрезентативен случаен примерок од 500 испитаници во Општина Струмица и околните села: Вељуса, Водоча, Дабиле, Куклиш и Муртино.
Согласно спроведената анкета, јавноста има високо мислење за Коста Костадинов, кандидат за градоначалник на Општина Струмица. Од вкупниот број на испитаници 44 % имаат највисоко мислење.
Во однос на прашањето кои му се предности а кои слабости при кандидирањето за Градоначалник на Костадин Костадинов, младоста ја сметаат како предност 42 % од испитаниците, потоа искуството како Градоначалник 34 % од испитаниците ја сметаат за предност, а 38% од испитаниците сметаат дека искуството како пратеник претставува предност
Општо мислење е дека кандидатот за Градоначалник Костадин Костадинов нема недостатоци односно дури 55% се изјасниле дека не можат да наведат ниеден недостаток за кандидатот како личност.
Во однос на тоа какво мислење има јавноста за СДСМ како политичка партија, 44 % од испитаниците имаат позитивно мислење, 30 % се неутрални и 27 % имаат негативно мислење.
На прашањето, дали граѓаните се задоволни од работењето на досегашната локалната власт мислењата се прилично поделени. Од вкупниот број на испитаници 34 % сметаат дека може и подобро, 25 % се многу задоволни додека 23 % воопшто не се задоволни од работењето на доегашната локална власт.
На прашањето дали ќе гласате за Костадин Костадинов, кандидат за Градоначалник на Општина Струмица солидни 43 % одговориле со ДА, 26 % со НЕЗНАМ, 17 % НЕ и 14 % одговориле дека НЕМА ДА ГЛАСАТ.
Во однос на прашањето дали ќе гласате за Листата на советници за Општина Струмица од СДСМ 43 % одговориле со ДА, 26 % со НЕ ЗНАМ, 20 % со НЕ и 12 % се изјасниле дека НЕМА ДА ГЛАСАМ.
Генералната слика на анкетата укажува на тоа дека јавноста има позитивно мислење за Костадин Костадинов, кандидат за Градоначалник на Општина Струмица како и за СДСМ како политичка партија.