Костадинов: Грижата за животната средина е животен стил, а не само акцент на одбележување на деновите посветени на нашата планета Земја и околината

Костадин Костадинов кој е кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“, вели дека грижата за животната средина е животен стил, а не само акцент на одбележување на деновите посветени на нашата планета Земја и околината.

„Грижата за животната средина е животен стил, а не само акцент на одбележување на деновите посветени на нашата планета Земја и околината. Сепак, секоја акција и иницијатива се одличен почеток и чекор кон подобро, почисто и поздраво утре. Драги Струмичани, во знак на денешниот ден без автомобили, ве охрабрувам да се приклучите кон оваа светска иницијатива. Заедно да зачекориме кон уредување општина со помала емисија на гасови, кон Струмица која користи алтернативен превоз. Затоа што нашата општина го заслужува најдоброто“, вели Костадинов.

Comments are closed.