
Костадин Костадинов кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ синоќа имаше средба со жителите на 6-тата месна заедница во Струмица, каде се разговарало за реализираните, тековните и идните проекти, за кои како што вели Костадинов, Општината треба да ги третира тука.
„На вечерашната средба со сограѓаните од 6-тата месна заедница во Струмица разговаравме за реализираните, тековните и идните проекти кои, Општината треба да ги третира тука. Во непосредна дискусија и низ отворен разговор беа споделени проблемите, барањата, ставовите и најважно – размислувањата на жителите. На ваков начин, преку изворно запознавање и со изнаоѓање солуции за сите суштински нешта кои ги засегаат граѓаните, може да се даде 100% придонес за нашата Општина. И секако, преку директна партиципација на секој поединец во креирањето на локалните политики со идеи и сугестии, ќе одиме напред. Работа на терен и со срце за Струмица“, вели Костадинов.









