
Градоначалник на Струмица, Коста Јаневски информираше дека во селото Просениково асфалтирана е улица на којашто претходно беше изведена фекална канализација.
„Продолжуваме со реализацијата на планираните активности за оваа година и ги подобруваме условите за живот во населените места. Во селото Просениково асфалтирана е улица на којашто претходно беше изведена фекална канализација“, вели Јаневски.


