
Осум пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување) кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување заминаа во Охрид, каде ќе земат учество на претстојната НАТО вежба која во организација на Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи ( EADRCC ) ќе се одржи во периодот од 20 -24 септември на подрачјето на Охрид и Струга.
„На 17.09.2021 година, осум пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување) кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување заминаа во Охрид, каде ќе земат учество на претстојната НАТО вежба која во организација на Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи ( EADRCC ) ќе се одржи во периодот од 20 -24 септември на подрачјето на Охрид и Струга. Станува збор за сценарио за справување со последиците од катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско- Струшкиот регион. Оваа е досега најголема и најзначајна цивилна НАТО вежба во која ќе земат учество 28 земји со преку 700 учесници со различни тимови за заштита и спасување“, се вели во соопштението на ТППЕ – Струмица.






