
Во склоп на проектот „Реконструкција на улици во с.Самоилово, Општина Ново Село“ во четвртокот започна асфалтирањето на улиците. Проектот предвидува реконструкција на две улици во Самоилово со вкупна должина од 404,9 метри или поединечно улица 1 со должина од 138,3 метри и улица 2 со 266,6 метри должина.
„Реконструкцијата опфаќа ископ, одбележување и расчистување на трасата, обработка на трасата (ископ на земја, изработка на постелица, планирање на косини итн.), вградување на тампонски слој од дробен камен, поставуање на асфалтен слој и изработка на банкини.Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година од страна на Бирото за регионален развој и средства од Буџетот на Општина Ново Село“, велат од општината.

