ФОТО: Подготвителни работи на земјиштето во Чанаклија за асфалтирање на две улици

Подготвителни работи на земјиштето во Чанаклија за асфалтирање на две улици. Потоа следува асфалтирање на улиците во ова населено место и во Нова Маала каде се работеше претходните денови.

„Наредни населени места за изградба на улици се Доброшинци и Едрениково и со тоа завршува реализацијата на програмата за 2020 година, што значи наредниот период ќе се асфалтират улици во сите населени места од програмата за 2021 година. Изведувач на активностите е градежната компанија Пешо Инжинеринг“, велат од општина Василево.

Comments are closed.