
Ракометари на Астраион кои минатата сезона се натпреваруваа во Супер лигата на Македонија во новата сезона ќе се натпреваруваат во Првата ракомента лига, откако минатата сезона завршија на последното место во елитата и испаднаа ранг подолу.
Новата сезона Астраион ќе ја отвори против Кичево 2020 на гостински терен во салата „Јанчица“ утре со почеток од 16:00 часот.
Астраион како минатата, така и во новата сезона ќе игра со млади талентирана ракометари кои се од школата на струмичкиот ракометен клуб. За утрешниот натпревар судиска двојка е Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид, додека пак за делегат е делегиран Васил Зипевски.