Костадинов: Пред нашата заедничка Струмица, пред вас ќе излеземе со најдобрата програмска и кадровска понуда

Кандидатот за градоначалник од коалицијата „Најдоброто за нашата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов на социјалните мрежи напиша дека пред граѓаните на излезат со најдобрата програмска и кадровска понуда.

„Пред нашата заедничка Струмица, пред вас ќе излеземе со најдобрата програмска и кадровска понуда. Имаме чист образ да излеземе пред секој сограѓанин и да побараме поддршка. Го нудиме најдоброто за младите, за возрасните, најдоброто за мажите и жените, најдоброто за македонците, турците, србите, најдоброто буквално за сите! Ова ќе биде една огромна победа за секој струмичанец“, вели Костадинов.

Comments are closed.