Во Василево на локалните избори ќе има двајца кандидати за градоначалник и три советнички листи

На локалните избори кој ќе се одржат на 17 октомври во општина Василево ќе има двајца кандидати за градоначалници. Актуелниот градоначалник Марјан Јанев ќе бара втор мандат како кандидат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, додека пак Славе Андонов е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

Што се однесува пак до советничките листи, покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во општина Василево своја советничка листа поднесе и ЛДП – ДОМ.

Носител на листата на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ ќе биде Крсте Панев, носител од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ ќе биде Живко Атанасов, а кај коалицијата „Одлучно за промени“ предводена од ЛДП – ДОМ носител ќе биде Ристо Делијанов.

Comments are closed.