
Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ.
Во општина Струмица има тројца кандидати за градоначалници.
Костадин Костадинов е кандидат за градоначалник од колацијата „Најдоборото за нашата општина“ предводена од СДСМ, Васе Витанов кандидат од Интегра – македонска конзервативна партија, додека третиот кандидат за градоначалник на Струмица е Жан Дрвошанов од коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Изборите ќе се одржат со почитување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.