ФОТО: Костадинов вечерва на средба со сограѓаните од Дабиле

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов вечерва оствари средба со жителите на село Дабиле.

„Вечерва се сретнав и со сограѓаните од Дабиле. Видов дека околината е убаво средена. Сите главни улици се асфалтирани, чисти тротоари, осветлени, за мерак. Но, треба такви да се одржат, така да се продолжи. Низ пријателска атмосфера, разговаравме и разменивме важни нешта од тукашното секојдневие. Потребно ќе биде да се доврши работата со приклучната канализациона мрежа. Многу важно за иднината тука е реновираното училиште – да може сите млади во соодветни услови да се стекнат со образование и да продолжат напред, со срце за нашата Општина, за Струмица“, напиша Костадинов на социјалните мрежи.

Comments are closed.