
Струмичка Беласица денес на гостувањето во Дебар забележа победа од 1:2 над Кораб и со тоа обезбеди следна фаза од Купот на Македонија.
Струмичани во 15. минута од натпреварот го отворија резултатот преку Славче Митовски и имаа водство на Градскиот стадион во Дебар се до 63. минута кога Берат Исмаил ја погоди мрежата на Николоски за 1:1. Капитенот Александар Милушев во 87. минута ја стресе мрежата на Исени за конечни 1:2.