Беласица со голема победа над Кит Го

Беласица на домашен терен забележа голема победа од 3:1 над Кит Го во рамки на 3. коло од Втората лига – Исток.

Гостите од Пехчево резултатот го отворија во 29. минута со гол на Зоран Андонов, а само шест минути подоцна Александар Коцев ја погоди мрежата на Давков за 1:1. Во вториот дел Беласица успеа да го сврти резултатот на 2:1 со погодок на Бобан Тасев, а во 89. минута Гугуљанов ги постави конечните 3:1.

Comments are closed.