УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Академија Пандев преку Мирчевски ја среди Македонија Ѓорче Петров

Академија Пандев ја запиша најубедливата победа во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига со 4:1 над Македонија Ѓорче Петров, а до убедливата победа „пандевци“ стигнаа на крилата на голгетерот Мартин Мирчевски кој во два наврати ја стресе мрежата на „лавовите“ од Ѓорче.

Во само една минута игра Воша постигна гол за водство од 0:1 за Македонија ЃП. Домаќинот брзо се врати резултатски, откако Бихорац во 20. минута беше прецизен за 1:1. Пред крајот на првиот дел од натпревар Мирчевски донесе водство за Академија Пандев од 2:1 на полувреме.

На стартот од вториот дел Мирчевски по втор пат ја погоди противничката мрежа за сигурни 3:1. Во 82. минута Личина заработи втор жолт картон со што Македонија ЃП остана без еден „лав“ на теренот, а „Пандевци“ преку Нунес Сантос Каио Лукас ги постигна конечните 4:1.

Comments are closed.