Костадинов: На денешен ден, пред точно 77 години, мојата Струмица извојува победа над фашистичкиот окупатор

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за општина Струмица, Костадин Костадинов, кој исто така е актулен пратеник со честитка по повод Денот на ослободувањето на Струмица.

На денешен ден, пред точно 77 години, мојата Струмица извојува победа над фашистичкиот окупатор. Денешниот ден е голем празник за Струмица и Струмичани, празник кој нѐ потсетува и на издржливоста на нашиот народ, но и на упорноста, вербата и љубовта кои како главни двигатели нѐ водат да извојуваме големи победи! Одбележуваме 77 години раст, 77 години стремеж кон подобра иднина, 77 години слобода.

Нека денешниот ден прерасне во поттик за сите нас да се грижиме за нашата Струмица и нашата земја онака како што се грижеле нашите предци пред 77 години. Со љубов, со верба, со сплотеност, со акција! Ваквите денови, ваквите празници нека ни бидат поттик драги мои струмичани и во иднина да ја чуваме нашата општина, да ја негуваме и заедно, гордо да чекориме кон уште поголем напредок! Струмичани, нека ви е честит Денот на ослободувањето на Струмица!

Comments are closed.