Академија Пандев на домашен терен против Македонија ЃП

Академија Пандев утре ја очекува тежок натпревар во рамки на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига против Македонија Ѓорче Петров.

„Пандевци“ тргнаа одлично во новата сезона се до 5. коло кога во Штип загубија со 3:2 од Брегалница, но сепак играат во многу подобра форма во однос на Македонија ЃП, која во досегашниот тек од сезоната запиша два порази и три победи.

Академија Пандев досега натпреварите на домашен терен ги играше на „Благој Истатов“ под рефлектори, но овој натпревар ќе го игра на својот терен СЦ „Пандев“ во термин од 16:00 часот.

Comments are closed.