Беласица на дерби против Кит Го

ФОТО: Струмица Сити

Екипата на Беласица во новата сезона за првпат ќе игра на домашен терен, а во рамки на 3. коло ја очекува дерби против Кит Го од Пехчево. Двете екипи за време на репрезентативната пауза се засилија со неколку квалитетни играчи, па тоа ќе донесе поголема неизвесност на „Благој Истатов“ во Струмица.

Натпреварот е од големо значење и за двете екипи кои имаат за цел да завршат на првото место на табелата и да обезбедат место во Првата лига.

Беласица тргна одлично со победа над Детонит во Радовиш, но во второто коло киксна и одигра нерешено со новајлијата Братство од Житоше, додека пак од друга страна Кит Го загуби од Победа во Прилеп, а потоа со новиот тренер Трајче Сенев го декласираше Детонит на домашен терен.

Натпреварот се игра утре со почеток од 16:00 часот.

Comments are closed.