СВР Струмица во координација со пазарен инспекторат од Струмица пронајде голема количина на режан тутун без бандерола

По добиени оперативни сознанија од Регионалниот центар за гранични работи Исток, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и СВР Струмица во координација со пазарен инспекторат од Струмица извршија контрола во фирма во Струмица, при што пронајдоа 330 килограми режан тутун без бандерола. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Comments are closed.