(ФОТО) Костадинов со честитка по повод 8 септември: Нашата земја денес е меѓународно призната и е пријател со демократскиот свет

Пратеникот од редовите на СДСМ и кандидат за градоналачник на општина Струмица, Костадин Костадинов испрати честитка по повод 8 септември, денот на незавесноста на Република Македонија.

Еден од најважните сегменти од историјата на македонскиот народ е процесот на осамостојување на Р. Македонија.Самиот процес на осамостојување и создавање на независна држава може да се смета за симбол во поновата светска историја.Патот кон кој чекореше нашата земја беше трнлив, исполен со интриги, многу неизвесности, ризици и опасности.Нашата земја и покрај сите нанесени неправди, со мирољубива политика секогаш успевала да опстане, да се бори за своите права, зачувувајќи го достоинството и интегритетот на своите граѓани.Денес Северна Македонија е пример за регионална стабилност и клуч за развој и просперитет.Нашата земја денес е меѓународно призната и е пријател со демократскиот свет. Честит и вековит празник – 8ми септември – Ден на независноста.

Comments are closed.