Јаневски: Воспитно–образовниот процес на учениците од општина Струмица секогаш бил меѓу нашите приоритети

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски заедно со кандидатот за градоначалник и пратеник Костадин Јаневски, ги посетија училиштата во населените места Добрејци и Баница.

„Воспитно – образовниот процес на учениците од општина Струмица секогаш бил меѓу нашите приоритети и сме ги користеле сите можности тој да се одвива во квалитетни услови. Исполнети се сите предуслови за започнување на градежните зафати и на последните две подрачни училишта во населените места Добрејци и Баница на коишто им беше потребна реконструкција. И на двете згради ќе биде извршена целосна реконструкција и санација, со што учениците и наставниот кадар ќе добијат квалитетни услови за изведување на наставата. На стартот од реконструкцијата, со кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, ги посетивме двете училишта и нашето задоволство го споделивме со учениците, наставниците и месното население“, напиша Јаневски.

Comments are closed.