
Второлигашот Беласица и прволигашот Академија Пандев репрезентативната пауза ја искористија за да одиграт контролен натпревар пред продолжението на првенствените натпревари. Денешната контролка одиграна во Струмица заврши без победник и без погодоци, односно со резултат 0:0.

„Пандевци“ имаат одличен старт во новата сезона од Првата лига, откако по пет одиграни кола имаат 10 бодови и ја делат првата позиција со Шкупи. Од друга страна, Беласица по две одиграни кола во Втората лига – Исток има една победа и едно реми и собра 4 бодови.