Беласица и Академија Пандев утре на контролен натпревар

Струмичките фудбалски клубови Беласица и Академија Пандев за утре договорија контролен натпревар за време на репрезентативната пауза.

Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот.

По 5. одиграни кола во Првата лига, екипата на Академија Пандев со 10 бодови ја дели првата позиција со Шкупи, додека Беласица во воведните две кола од Втората лига – Исток забележа една победа и едно реми и има 4 бодови.

Comments are closed.