СВР Струмица „улови“ 30 возачи кои возеле пребрзо

На 30.08.2021, Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 30 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 5 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Comments are closed.