ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село со Известување за учениците од предметна настава – Протокол за тек на првиот училиштен ден (1 септември 2021).
1. Учениците пристигнуваат во училиштето до 7:30 часот. Сите ученици од погорните одделенија (седмо, осмо и деветто) веднаш се упатуваат во своите училници, заедно со одделенските раководители. Учениците од шесто одделение ќе бидат прочитани и повикани во нивните училници од страна на одделенските раководители во 7.30 часот, на задниот влез од училиштето.
2. До 8.20 часот учениците имаат прв одделенски час. Учениците ќе бидат запознаени со протоколите за движење и престој во училиштето. Потоа ќе имаат голем одмор, согласно пропишаните протоколи за работа. Групирањата се забранети!
3. Од 9.00 часот започнува поделувањето на комплетите со учебници. Учениците доаѓаат во училницата со учебници (IX-д) заедно со одделенскиот раководител. Процесот ќе се одвива по следниот распоред:
деветто одделение од девет часот: од IXa до IXд редоследно, како ќе бидат повикани од библиотекарите;
осмо одделение од девет и триесет часот: од VIIIa до VIIIд редоследно, како ќе бидат повикани од библиотекарите;
седмо одделение од десет часот: од VIIa до VIIг редоследно, како ќе бидат повикани од библиотекарите;
шесто одделение од десет и триесет часот: од VIa до VIд редоследно, како ќе бидат повикани од библиотекарите.
ПРЕВОЗ: Превозот на учениците коишто патуваат ќе се одвива по следниот распоред:
учениците од Смолари: 6.30 часот, па автобусот продолжува кон Дражево, Старо Коњарево, Ново Коњарево, Самоилово. Учениците ќе бидат во училишниот двор околу 7.15 часот.
учениците од Сушица: 6.50 часот, па автобусот продолжува кон Зубово (околу 7.00-7.05 часот). Учениците ќе бидат во училишниот двор околу 7.15 часот.
Ученикот е должен да ја увиди фактичката состојба на учебниците и да ја пријави кај својот одделенски раководител. Раководителот ја заведува забелешката на изјавата за примени учебници. Со тоа ливче ученикот ги раздолжува учебниците на крајот од учебната година. Секоја дополнителна штета што не е пријавена и забележана на 1 септември – е на товар на ученикот!
ВАЖНО:
1. Учениците пристигнуваат во училиштето со заштитни маски.
2. Учениците се должни да одржуваат безбедна дистанца, да мијат раце, да се дезинфицираат и да се придржуваат на пропишаните безбедносни мерки.
3. Не се дозволува групирање на учениците во училницата или во училишниот хол. Заминувањето од училиштето на првиот училиштен ден ќе биде во 11:15 часот.
