Беласица ремизираше со Братство Житоше

Струмица Беласица денес ремизираше играјќи 1:1 на гостувањето кај Братство од Житоше, во натпревар од 2. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.

Натпреварот се игра на „Могила“, а први до водство дојдоа струмичките фудбалери со гол од пенал, а успешно реализираше Александар Коцев во 39. минута од средбата. Во вториот дел новото засилување за домаќините, Еркан Шаип во 69. минута ја погоди мрежата за конечните 1:1.

Во однос на табелата Беласица со 4 бодови е на четвртото место, додека Братство со 1 бод е на седмата позиција.

Во следното коло Беласица на домашен терен во Струмица ја очекува дерби против Кит Го од Пехчево, важен натпревар и за двете екипи во борбата за врвот од табелата во Втората лига – Исток.

Comments are closed.