Академија Пандев има одличен старт: „Пандевци“ на врвот во Првата лига!

Академија Пандев одлично ја стартуваше новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ на стартот од новата сезона, во првите четири кола имаат скор од три последователни победи, едно реми и без пораз со вкупно 10 освоени бодови се на врвот од табелата во Првата лига.

Струмичани предводени од Александар Васоски имаат и одлична гол разлика, екипата има постигнато седум погодоци, а примено само два.

Целта на Академија Пандев во новата сезона е да се обезбеди едно од местата кое води во Европа, а тоа е првите три од табелата или освојување на Купот на Македонија. Инаку, Академија Пандев токму преку освојување на Купот на Македонија обезбеди историски настап во Европа. Во мај месец, Академија Пандев играше ново финале, каде го бранеше Куп-трофејот, меѓутоа загуби од Силекс.

Утре, како што претходно Струмица Сити најави, Академија Пандев ќе гостува во Штип каде против Брегалница ќе ги одмери силите во рамки на 5. коло од Првата лига.

Comments are closed.