
Фудбалерите на Беласица во недела во рамки на 2. коло од Втората лига – Исток ќе гостуваат кај екипата на Братство од Житоше.
Струмичките фудбалери на „Могила“ ќе истрчат против новиот второлигаш Братство, пред се поради поквалитетниот тим, како и одличната форма. Беласица новата сезона ја стартуваше со победа во Радовиш со сигурни 0:2 против Детонит, додека пак Братство на гостувањето во Виница беше поразен со минимални 1:0 од Слога.
Натпреварот ќе започне во 16:00 часот, а главен судија на истиот ќе биде Владимир Ѓорѓиевски.