Беласица против Кораб во Купот на Македонија

ФОТО: Струмица Сити

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беа одредени двојките за 1/16 финалето од Купот на Македонија. Натпреварите се играат на 15. септември со почеток во 15:00 часот. Академија Пандев и Силекс, финалисти од ланското издание во најмасовното клупско натпреварување директно обезбедуваат место во осминафиналето поради бројот на пријавени тимови за денешното извлекување.

Беласица во 1/16 финалето од Купот на Македонија силите ќе ги одмери против второлигашот Кораб, а натпреварот ќе се игра на Градскиот стадион во Дебар.

Инаку, Кораб настапува во Втората лига – Запад и во првото коло од новата сезона одигра 0:0 против фаворитот Вардар, од друга страна пак, Беласица новата сезона од Втората лига – Исток ја стартуваше со победа во Радовиш против екипата на Детонит со резултат од 0:2.

Comments are closed.