Зимбаков: Во изминатите години покажав што значи дадено ветување

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков на локалните избори во октомври ќе „трча“ за втор мандат како кандидат од СДСМ. Откако беше официјално соопштено дека Зимбаков ќе ја бара поддршката од граѓаните на општина Босилово за втор мандат на социјалните мрежи напиша:

„Во изминатите години покажав што значи дадено ветување. Чекорам со граѓаните, младите, чекорам со иднината, чекорам заеднички, солидарно, отворено за #Најдобротозанашатаопштина. Заедно со централна власт покажавме и докажавме што значи грижа за граѓаните. Продолжуваме уште позасилено да работиме за уште подобар живот за сите граѓани.“

Comments are closed.