СВР Струмица со засилени мерки врз возачите на мотоцикли, санкционирани се 25 возачи

На 24.08.2021 во периодот од 17.00 до 23.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 25 возачи. Од нив 15 прекршоци биле за некористење на заштитен шлем, 6 за управување по измината важност на осигурителната полиса и 4 за управување без возачка потврда/возачка дозвола. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Comments are closed.