ФОТО: Целиот распоред на Беласица за новата сезона од Втората лига – Исток

Вчера во просториите на Фудбалската федерација беше извлечена ждрепката за новата сезона од Втората лига – Исток. Струмичка Беласица новата сезона ќе ја стартува со гостување во Радовиш каде ќе ги одмери силите со повратникот Детонит.

Како што и претходно кажавме, Беласица е прв фаворит за враќање кон Првата македонска фудбалска лига, а за таа цел струмичкиот тим е квалитетно засилен.

Во борбата за велз во Првата лига, струмичките фудбалери ќе имаат два посериозни конкуренти, тоа се прилепска Победа и Кит Го од Пехчево. Токму овие натпревари ќе биде клучни и ќе претставуваат големи дерби натпревари, особено на „Благој Истатов“ во Струмица и на „Гоце Делчев“ во Прилеп, каде со сигурност ќе бидат исполните оние 30% од капацитетот на стадионот, колку што дозволуваат протоколите.

Целиот распоред од Втора лига – Исток:

Comments are closed.