Беласица денес на „генералка“ против Вардар

Струмичка Беласица денес ќе ја одигра „генералката“ против Вардар со што и официјално ќе ги затвори пријателските натпревари пред стартот на новата сезона од Втората лига – Исток и Запад која стартува на 25. август (среда).

Двата второлигаши кои лани беа дел од елитата испаднаа откако заврши на долните две места од табелата. Беласица во источната конкуренција ќе важи за прв фаворит кон враќање во елитата, додека пак Вардар во западната конкуренција го очекува многу потежок пат до таа цел, бидејќи има далеку поголема конкуренција и поголем квалитет.

Контролниот натпревар се игра во Струмица со почеток од 17:30 часот.

Comments are closed.