
Денес беше извршена ждрепката во просториите на Фудбалската федерација на Македонија по што беа утврдени паровите и за првото коло од Втората лига – Исток и Запад.
Беласица во новата сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, откако минатата сезона во Првата лига заврши на последното место и експресно отпадна. Во новата сезона од второлигашката конкуренција на Истокот, струмичките фудбалери ќе стартуваат против повратникот Детонит на Градскиот стадион во Радовиш.
Првото коло односно стартот е закажан веќе за во среда (25. август) со почеток од 16:00 часот.
Инаку, во новата сезона Беласица е најголем фаворит за враќање кон елитата, а во борбата за влез кон Прва лига силно ќе атакуваат прилепска Победа и Кит Го од Пехчево.