Пандев: Горд сум што повторно ќе го носам дресот на Џенова

Горан Пандев одлучи да стави потпис на едногодишен договор со италијанскиот клуб Џенова со што струмичанецот ја продолжува клупската кариера на уште една година, откако претходно стави крај на репрезентативната кариера по завршувањето на Европското првенство.

„Во сабота почнуваме со нова сезона во Серија А и горд сум што можам да го носам овој дрес повторно. Сакам да се заблагодарам на претседателот, целиот клуб, тренерот, моите соиграчи и на сите вас фанови. Ви благодарам за сите пораки кои ме убедија да останам. Едвај чекам да ве поздравама на ‘Луиџи Ферарис’. Forza Grifone“, напиша Пандев на својот Инстаграм профил.

Останува да видиме дали капитенот на македонската фудбалска репрезентација ќе се предомисли и ќе го облече повторно дресот со државен грб и ќе го даде својот максимум во борбата за пласман и на Светското првенство кое се игра следната година. Инаку, Пандев е стрелец на првиот гол на Европските првенства за Македонија.

Новата сезона Пандев ќе ја отвори на гостување кај шампионот Интер.

Comments are closed.