
Струмичкиот второлигаш Беласица денес претстави уште две нови засилувања за новата сезона од Втората лига – Исток. Станува збор за брзиот крилен играч Бобан Тасевски и версатилниот Мирчовски Давид кој може да игра на сите позиции во нападот.
„На Бобан и Давид им посакуваме успешна сезона во плаво-белиот дрес“, напишаа од клубот.
За сабота со почеток од 12:00 часот е закажана ждрепката за новата сезона, со што и официјално ќе биде утврден распоредот, а со тоа Беласица ќе го добие и противникот за првото коло.