ФОТО: ТППЕ Струмица денес интервенираше на 4 локации

Денес, (вторник) 17.08.2021 година, ТППЕ Струмица интервенираше на 4 локации и тоа:

1. На планината Готен над с.Нивичино место викано Калинско присое со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители, каде што гори букова, дабова и габерова шума и лисната маса. Пожарот е на недостапен терен и неговото гаснење е доста отежнато. Акцијата за негово гаснење ќе продолжи во раните утрински часови со координирано заедничко дејствување на екипи од ТППЕ Струмица, ПСШ Беласица Струмица, ЕЛС Василево, МВР СВР Струмица, Ловно друштво Фазан Василево и месно население. Се очекува подршка од воздух од армиски хеликоптери.

2. Во атарот на с Сачево гореше сува трева. Интервенирано е со 1ПП возило и 3 пожарникари-спасители.

3.Во атарот на с.Хамзали гореше сува трева. Интервенирано е со 2 ПП возила и 5 пожарникари-спасители.

4.Во атарот на с.Мокриево гореше сува трева и овоштарници. Интервенирано е со 2 ПП возила и 5 пожарникари-спасители.

Comments are closed.