Фарук Бихорац е најново засилување за Академија Пандев

Фарук Бихорац е нов играч на Академија Пандев. Централниот одбрамбен играч е најновото засилување за струмичкиот прволигаш.

Тој ја доби потребната документација и се стекна со право за настап на следниот натпревар против Работнички. Натпреварот ќе се одигра во недела на „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 20:00 часот.

Во првото коло од новата сезона на Првата лига, Академија Пандев во Струмица, исто така, во ноќен термин, одира 1:1 против Струга Трим Лум.

Comments are closed.