Потпишан договор за реконструкција, санација и адаптација на Дом на Култура во Василево.
После спроведената јавна набавка за избор на најповолен понудувач односно градежна фирма, денес е потпишан договор за реконструкција на Домот на Куктура во Василево со Портланд-Опц ДООЕЛ, која во понеделник на 16.08.2021 година ќе биде воведена во работа и ќе има обврска за 120 дена комплетно да го реконструира објектот.
„Вкупната вредност за реализација изнесуваат околу 13.700.000 денари, од кои околу 10.000.000 денари се обезбедени од БРР и Влада на РСМ, а остатокот од буџетот на општина Василево со одлука на совет. Конечно граѓаните во општина Василево од сите населени места ќе добијат простории, сала за одржување на свечености и културни манифестации од секаков вид, на овој начин ги подобруваме условите за живот во општина Василево“, се вели во соопштението на општина Василево.









