ФОТО: Градежните активности во општина Босилово продолжуваат

Градежните активности во општина Босилово продолжуваат. Избрани се најповолните економски оператори – „изведувачи“ на трите јавни повици за изградба на локални улици и патишта, со вкупна проектантска вредност од 10,8 милиони денари и после спроведената електронска аукција и потпишани се договори со истите.

„Ќе се работи скоро во сите населени места. Почнуваме за десетина дена. Проектот општина Босилово без кал продолжува“, напиша градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков на социјалните мрежи.

Comments are closed.